Руската компанија сака да употреби препознавање на лицето за да ги персонализира услугите за патниците од бизнис-класата.
Legion MediaАвиокомпаниите ширум светот ги истражуваат придобивките од технологијата за препознавање на лице, надевајќи се дека ова ќе ги забрза линиите. Во јануари, „Бритиш Ервејс“ почна да користи биометриски излези со самопослужување во Лос Анџелес за да ги качи патниците. Пред неколку недели, аеродромот Дубаи инсталираше 100 најсовремени киосци за снимање на лице и биометриски. Минатата недела, AirAsia го отвори првиот излез за качување во авиони со препознавање на лице.
Сибирски Авиолинии (S7), која работи со летови до 100 дестинации во 30 земји во Европа, Блискиот Исток и Азија, исто така, најави планови за воведување на технологијата на крајот од 2018 година, но концептот е поинаков.
Руската компанија сака да ја користи технологијата за препознавање на лице за да ги персонализира услугите за патниците од бизнис-класата кои се премногу уморни. На пример, системот ќе ги идентификува патниците кои дремат во бизнис-салонот додека трае качувањето во нивниот авион.
Според Александар Канин, основач на VisionLabs, компанијата зад новиот систем, технологијата за препознавање на лице не секогаш се однесува на контрола.
„Овие системи им помагаат на компаниите да го подобрат корисничкото искуство и да ја зголемат лојалноста на клиентите“, изјави Канин. Ќе собираат податоци само ако патниците одобрат“.
VisionLabs го тестираше системот во предизвикувачки услови, вклучувајќи слабо осветлување. Патникот, исто така, не мора да гледа директно во камерата за да биде идентификуван; доволно ќе биде да помине покрај камерата. Според стартап компанијата, препознавањето е со точност од околу 90 проценти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче