Американски разузнавачи: Русите ја имаат најдобрата технологија за препознавање на лица

Рускиот алгоритам за идентификација на лице е најбрз и најточен.

Рускиот алгоритам за идентификација на лице е најбрз и најточен.

Getty Images
Програмери на руска старт-ап компанија победија во две категории на конкурсот на американските агенции „најбрза идентификација“ и „прецизност на верификација“.

Американската агенција за истражување на напредни разузнавачки технологии (IARPA) и националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST) распишаа заеднички конкурс за избор на најдобрите алгоритами за препознавање на лице на кој победи руската компанија NtechLab.

Ова за медиумите го соопшти претставник на руската старт-ап компанија и го потврди раководителот на истражувачката програма на IARPA Крис Бонен.

NtechLab победи во две од вкупно трите категории „брзина на идентификација“ и „прецизност на верификацијата“. Претставникот на фирмата ја доживува победата на конкурсот на американските разузнавачки агенции како стандард во сферата на безбедноста според кој клиентите и евентуалните инвеститори се ориентираат, сметајќи дека е премногу рано да се зборува за конкретна работа.

IARPA се наоѓа во директна ингеренција на директорот на Националната разузнавачка служба на САД, кој исто така раководи со националната разузнавачка заедница во чиј состав влегуваат 17 организации, вклучувајќи ги ФБИ и ЦИА.

Компанијата NtechLab е основана 2015 година, а година дена подоцна нејзин алгоритам стана основа за апликацијата FindFace која помага при пронаоѓање на луѓе на социјалната мрежа „ВКонтакте“ врз основа на фотографија. Алгоритамот може да ја пронајде бараната личност меѓу милијарда луѓе за 0,5 секунди. NtechLab е прогласена за еден од најдобрите руски старт-ап проекти во сферата на високите технологии.

На улиците на Москва пролетва почна со работа мрежа од видеокамери со функција за препознавање на човечки лица во толпа. Такви истражувања се спроведувани во многу земји, но во Русија е создаден единствен алгоритам за идентификација според електронските отпечатоци од фотографии кои се далеку пред странските пандани.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња