Кога животниот век ќе им заврши на локомотивите и вагоните, тие се разделуваат и заминуваат во различни правци. Првата можност е да го заземат почесното место во музејот на железницата. Сепак, тоа го можат само ретки интереси примероци.
Втората, повообичаена можност е вагоните и локомотивите да се расклопат на делови. Тие се претвораат во купиште метал кој најчесто им се дава на фабриките. Така старите вагони прават место за новите.
Колку време е потребно да се демонтира еден вагон зависи од неговиот тип: отворен вагон за еден час, а танкер или ладилник за два дена.
Меѓутоа, најчесто старите вагони завршуваат во депо, на таканаречените „гробишта“.
За време на Втората светска војна ваквите гробишта беа добро чувани. Се очекуваше дека во случај на нуклеарна војна и немање струја, парните локомотиви ќе бидат единственото превозно средство на железницата.
По 1991 година националната стратегија се промени, но и денес Руски железници продолжуваат да ги сметаат гробиштата за возови за стратешки објекти и да ги чуваат парните локомотиви.
На некои гробишта локомотивите добро ги одржуваат и можат да ги оспособат за возење во рок од неколку дена. На други гробишта парните локомотиви се на вечна починка.
Има и такви кои ги напуштаат гробиштата. На пример, унгарската „Маваг“ парна локомотива од 1936 година долго време беше на гробиштата во Пермскиот крај, но конечно стана грдост на еден уралски музеј.
Без оглед на тоа што гробиштата за возови се затворени и добро чувани зони, крадците симнуваат од вагоните слој по слој.