Русија ќе добие четири модернизирани подморници „Антеј”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Тихоокеанската флота веќе до 2021 година ќе добие четири модернизирани нуклеарни подморници од Проектот 949А „Антеј” кои носат ракети „Калибар”, соопшти за новинарите заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов при посетата на далекуисточното бродоградилишта „Ѕвезда”.

„Денеска го разгледувавме ова прашање, сметаме дека 2012 година е реален рок“, рече Борисов.

Заменик-министерот соопшти дека Тихоокеанската флота веќе годинава би можела да добие една нуклеарна подморница од овој проект која го носи називот „Омск”. Претходно се претпоставуваше дека оваа подморница по модернизацијата ќе се врати во морнарицата во 2019 година.

Според Борисов, „Ѕвезда” исто така ќе ги одржува и модернизира новите подморници од проектот „Бореј”.

Генералниот директор на петербуршкото Централно конструкторско биро за морска техника „Рубин” Игор Виљнит соопшти дека е планирано подморниците „Антеј“ во текот на модернизацијата да ги добијат најновите крстосувачки ракети „Калибар”, додека рокот за користење на овие подморници ќе биде удвоен.

Вкупно се произведени 11 нуклеарни подморници од Проектот 949А „Антеј”. Во состав на руската Воена морнарица во моментов има осум.

Депласманот на секоја подморница е 24 илјади тони. Секоја подморница носи 24 лансери за крстосувачки ракети „Гранит“ и шест торпедни апарати.

Модернизацијата на подморниците од Проектот 949А за Северната флота ќе ја реализира Центарот за ремонт на бродови „Звездочка”, а за Тихоокеанската флота оваа работа ќе ја врши далекуисточниот завод „Ѕвезда“. По модернизацијата еден „Антеј” ќе може да носи до 72 „Калибри” поради помалите габарити на овие ракети во споредба со ракетите „Гранит“.

Прочитајте кои се најбруталните руски подморници