Русија од бродовите во Средоземното Море лансираше крстосувачки ракети врз објекти на терористичка организација „Џебхат ан-Нусра” во Сирија и на тој начин уште еднаш покажа дека во овој регион може да врши напади од сите страни, пишува „Њујорк Тајмс“.
Русија ја демонстрира својата воена моќ лансирајќи од Средоземното море крстосувачки ракети „Калибар” врз објекти на терористичката организација „Џебхат ан-Нусра” во Сирија, пишува американскиот весник, погрешно тврдејќи дека Русија го извела тоа за првпат и дека тоа се случило неколку дена по полетувањето на руските воени авиони од базата во Иран.
Според весникот, новите воени потези на Москва се со цел да покажат дека Русија е способна да врши напади во овој регион од сите страни: од Иран, од бродовите во Каспиското Море, од базата во сириската провинција Латакија и од Средоземното Море.
Во последно време Русија и сириската влада вршат интензивни воздушни напади, при што, смета американското издание, на хоризонтот не се појавува можноста за политичко регулирање на конфликтот во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче