Се работи пред сѐ за авиони-ловци Су-35С и Су-30СМ, бомбардери Су-34, хеликоптери Ка-52, Ми-28 и Ми-8 во различни модификации. Покрај тоа, војската ќе добие десетина дивизиски комплети од системот за ПВО-ПРО С-400 и противвоздушните ракетно-топовски системи „Панцир-С“.
За новиот вид вооружување кое ќе го добијат Воздушно-космичките сили зборуваше началникот на управата на Министерството за одбрана на РФ полковник Олег Степанов на примопредавањето на нова воена опрема. Руската армија доби 25 нови и 78 сервисирани авиони, 35 нови и 29 сервисирани хеликоптери, полковски комплети на системот за ПВО-ПРО С-400 и 24 борбени машини на системот „Панцир-С“. Кон крајот на 2017 година во работа се пуштени три радарски станици „Воронеж“ за брзо откривање на ракетен напад и Единствениот космички систем.
Прочитајте повеќе за тоа какво оружје Русија добива наредните 7 години