Видео: Како руски Су-25 избегна напад од терористи

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Терористите на исламистичката организација „Џејш ел Наср” гаѓаа руски јуришен авион Су-25 на небото над сириската провинција Идлиб. Маневарот на рускиот авион кој го избегнува нападот е снимен и објавен на интернет.

Според информациите на агенцијата „Ал-Масдар Њуз“, инцидентот се случил вчера, 1 февруари, додека Су-25 вршел задача на истокот на Идлиб. Како што се гледа на снимката, џихадистите отвораат оган врз авионот, веројатно од противвоздушно орудие, но тој успева да го избегне нападот и да го напушти реонот.

Како што пишува агенцијата, руските Су-25 се наменети за директна поддршка на копнените сили над бојното поле и не е реткост да се најдат на нишанот на терористичките групи во Сирија. Су-25 веќе ја докажаа својата ефикасност во слични услови, меѓу другото, благодарение на заштитата која оклопот му ја обезбедува на авионот.

Кон крајот на јануари во напад на Воздушно-космичките сили на Русија во Идлиб се ликвидирани четворица команданти на терористичката група „Хајат Тахрир ел Шам”, која е формирана врз основа на „Џебхат ал Нусре”: Абу Мусаб Сури, Абу Мухамад ел Зајим, Абу Басир Дар Аза и Абу Убајда.

Прочитајте повеќе: Западните експерти импресионирани од потенцијалот на руските системи за електронско војување