Западните експерти импресионирани од потенцијалот на руските системи за електронско војување

Красуха-2

Красуха-2

Виталиј В. Кузмин
Русија максимално ги развил потенцијалите за успешно електронско војување, остварувајќи импресивни резултати во реални операции, вклучувајќи ја и Сирија, изјави британскиот стручњак за руските вооружени сили Роџер МекДермот.

Тој го коментираше неодамнешниот напад на беспилотните летала врз руската воздухопловна база Хмејмим во Сирија, нагласувајќи дека сите дронови се соборени со вообичаените средства за ПВО или блокирани со средства за електронско војување, пренесува USNI News.

Тој нагласи дека Москва веќе започнала интеграција на своите потенцијали во сферата на електронското војување во конвенционалните сили пред да почнат да се одвиваат настаните во врска со Крим и во Донбас. Во секој од петте воени окрузи во земјата постоеја средства за електронско војување во штабовите.

Како што истакнува МекДермот, во САД и НАТО не постојат на тој начин организирани средства за радиоелектронско војување. Како што нагласува тој, се работи за меѓусебно интегрирање на командата, врските, извидувањето, вселената, средствата за сајбер и електронско војување. Тоа го направи Русија, но не и НАТО, нагласува тој.

Прочитајте повеќе за тоа како руската војска ги претвора ударните беспилотни летала во играчки

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња