Руски пилоти до авион Су-24 во базата Хмејмим во Сирија.
Дмитриј Виноградов/РИА „Новости“„Според резултатите од работата во Сирија внесовме одредени измени во плановите за борбена обука, внесовме измени во плановите за обука на курсистите“, изјави Бондаренко, пренесува „Взгљад“.
Командантот на истакна дека борбената обука во руските ВКС исто така претрпела измени.
„Работиме на нови техники и методи на нанесување удари врз копнени цели врз основа на сириските настани“, додаде Бондаренко.
Тој исто така истакна дека руската авијација во Сирија постигнала „одлични резултати“, потсетувајќи дека сириската кампања откри како позитивни, така и негативни страни на авијациската техника.
„Практично секое неуправувано оружје се користи исто како и управуваното за сметка на системите за вооружување на авионот или хеликоптерот. Затоа резултатите зборуваат сами за себе: два-три метри е максималното отстапување“, изјави командантот, додавајќи дека од ВКС на Русија „не настрада ниту еден цивил, ние само ги уништуваме бандитите од ИД“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче