Добро се покажаа во Сирија: Руската армија добива „летачки тенкови“ Су-25СМ3

Су-25

Су-25

Виталиј Тимкив/RIA Novosti
Новиот и обновен авион станува сè попопуларен по впечатливиот успех во борбите против „Исламската држава“ на Блискиот Исток.

Најновата модификација на рускиот воен авион Су-25СМ3 „Грач“ доби зелено светло за испорака во руската армија. Овој авион за блиска поддршка на копнените единици од воздух успешно беше тестиран во руската кампања против „Исламска држава“ во Сирија, заедно со „постарите браќа Су-34 и Су-35С. 

За разлика од своите претходници Су-25СМ3 може да се крева во воздух двапати дневно (со помал товар), а неговото сместување во воздухопловна база е поевтино. 

Може да се повлече следнава паралела: тоа е исто како да сте испратиле мал пакет со автомобил, а не со воен камион. Мала ескадрила тактички ловци често е поефикасна од тон бомби фрлени врз терористите кои се кријат по бункерите“ вели за порталот Russia Beyond воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Литовкин. 

Новиот „Грач“, или како што го нарекуваат „Супер Грач“, требаше да ѝ биде испорачан на армијата пред една година. Но, производителот во договор со воениот врв реши дополнително да го тестира авионот во Сирија пред да започне да прави нов модел, односно да ги модернизира сите 200 постоечки авиони Су-25. 

По што е специфичен „Супер Грач“? 

„Супер Грач“ е усовршен во Сирија заедно со новиот нишански систем СВП-24 „Гефест“. Станува збор за иновација која ја зголемува прецизноста на гравитациските бомби. 

„Тие практично стануваат прецизни како ракетите или како насочувачките бомби. Важно е што овие компјутерски системи можат да се интегрираат во секој постоечки Су-25 и да ја зголемат неговата ефикасност во борбата“, додава Литовкин. 

Згора на тоа Су-25СМ3 доби оптичко-електронски систем СОЛТ-25 кој ја подобрува навигацијата на авионот и му овозможува да функционира и дење и ноќе, во сите климатски услови. 

Во овој момент авионот е опремен со систем за термовизиски приказ, како и со ласерски далечински мерач. Овој оптичко-електронски систем ги открива и ги следи целите на фронтот (непријателската жива сила, оклопната техника, тенковите, стационарните положби и друго), дури и во магла и на дожд. Пилотот треба само да го притисне копчето и СОЛТ-25 ја наоѓа и автоматски ја уништува целта“, вели за Russia Beyond професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин. 

Последна иновација на авионот Су-25СМ3 е системот „Витебск“ кој веќе е интегриран во многу руски борбени машини, вклучувајќи ги и воените хеликоптери Ми-28 и Ка-52. Овој систем ја блокира електрониката на непријателските противвоздушни ракетни системи. 

Според Козјулин, овие три компјутерски системи ќе бидат монтирани на сите постоечки руски авиони Су-25, а првите десет модернизирани авиони руската армија ќе ги добие кон крајот на 2017 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња