Видео: Пентагон покажува како Су-27 пресретна американски шпионски авиони

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Пентагон објави пет видеоснимки на кои може да се види маневарот на руски Су-27 над Црното море. Траењето на снимките кои се направени од различни агли е од шест д единаесет секунди.

Прес-службата на американската Воена морнарица соопшти дека рускиот ловец ја пресекол траекторијата на летот на американски авион за радиоелектронско војување EP-3 Aries по што овој се нашол во воздушен виор од турбомлазниот мотор.

Во вторникот Воената морнарица на САД веќе објави слични снимки на интернет.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека на 29 јануари околу пладне над неутралните води на Црното море е забележана неидентификувана цел која се приближувала до руската граница. Кон неа е испратен Су-27.

Кога американскиот извидувачки авион го променил курсот, рускиот ловец се вратил во базата. Акцијата траела 2 часа и 40 минути, наведува рускиот воен ресор.

Прочитајте повеќе за пресретнувањето на американскиот авион: Што се случи над Црното море?