Според изјавата што ја даде командантот на 4 армија на Военото воздухопловство и Противвоздушната обрана на РФ генерал-потполковник Виктор Севостјанов за весникот „Краснаја звезда“ по идентификувањето на воздушниот објект како шпионски авион екипажот на рускиот воздухоплов му се приближил на безбедно растојание на американското летало П-8А „Посејдон“.
„Пилотот на рускиот Су-30 му сигнализираше на туѓиот воздухоплов неопходна промена на курсот поради доближувањето до државната граница на Руската Федерација во воздушниот простор. Екипажот на американскиот извидувачки авион не се осврнуваше на тоа и не го промени курсот, туку продолжи забрзано да се приближува до границата. Дури потоа екипажот на рускиот ловец изврши маневар“, рече Севостјанов.
Маневрирањето на авионот се одвивало на само десет километри од руската државна граница.
„Екипажот на ловецот на дежурните средства за ПВО на Јужниот воен округ дејствуваше професионално. Се работи за вообичаена пракса на предупредување за нарушување на воздушните граници. Нашите пилоти им помогнаа на американските колеги да избегнат меѓународен скандал до кој би дошло со нарушување на државните граници на Русија“, истакна генерал-потполковникот.
Откако „Посејдон“ го променил курсот, рускиот пресретнувач безбедно се вратил во својата воздухопловна база.
Од почетокот на оваа година ловците на 4-те воздухопловна армија на Јужниот воен округ полетуваат повеќе од сто пати за да пресретнат шпионски авиони и американски беспилотни летала. Инаку, со извидување по должината на руските граници се занимаваат дроновите „Глобал Хок“ (Global Hawk) и авиони РС-135 и П-8А „Посејдон“, а се фокусирани на промените во групацијата на вооружените сили на југот на Русија и надгледување на изградбата на Кримскиот мост.
Пентагон вчера ја обвини Русија за небезбедно пресретнување на авион на американското Воено воздухопловство над Црното море.
Пресретнувањето било небезбедно затоа што рускиот авион прелетал пред американскиот од лево на десно под полн форсаж, што предизвикало присилни турбуленции кај американското летало, тврди портпаролот на Пентагон, потполковник Мишел Балданза, истакнувајќи дека рускиот ловец се доближил на 15 метри од „Посејдон“. Според мислењето на американското воено воздухопловство, пресретнувањето траело 24 минути.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче