Според нејзините зборови, американскиот авион во саботата се наоѓал во меѓународен воздушен простор и „не направи ништо што би ја предизвикало ваквата реакција на руската страна“.
Москва засега не ја коментира оваа информација.
Руската авијација редовно следи и пресретнува авиони на земјите од НАТО. Министерството за одбрана на Русија објавува неделни извештаи со статистика за приближувањето на странски летала до руските граници.
Коментирајќи ги случаите со пресретнување, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг призна дека пресретнувањата по правило се реализираат професионално и дека претставуваат вообичаена практика.
САД претходно повеќе пати соопштија дека руските авиони вршат небезбедни маневри при пресретнување. Тоа се однесува и на инцидентот од јуни оваа година, кога ловец Су-27 пресретна американски RC-135 над неутралните води на Балтичкото море. Министерството за одбрана на Русија истакна дека американскиот извидувачки авион се обидел да му се доближи на рускиот Су-27, изведувајќи провокативно свртување.
„Боинг П-8 Посејдон“ е патролен авион во состав на американското воено воздухопловство. Наменете е за откривање и уништување на подморници, како и за учество во противбродски и спасувачки операции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче