Руските десантни, морнарички и пешадиски сили ќе бидат првите кои ќе бидат опремени со пушките АК-12 и АК-15.
На прв поглед, новиот АК-12 изгледа како модифицирана верзија на АК-74. Го користи истиот куршум од 5,45 мм како и неговиот претходник, но новата пушка има подобрена ергономија и интегрирана „Пикатини“ шина, така што може да се монтираат разна оптика и нишани на пушката. Исто така, може да се додадат различни тактички додатоци како вертикален држач, батерија и ласерски нишан.
Пушката, исто така, има нова рамка, така што војниците можат да видат колку куршуми им имаат останато, а исто така има и кундак кој се повлекува, што ја зголемува прецизноста во затворен простор.
Друга важна работа што ја дефинира АК-12 се нејзините четири начини на стрелба: безбеден, полуавтоматски, рафал со два куршума и целосно автоматски. Има помалку отскокнување во споредба со претходните модели на АК, а лесно можат да се инсталираат колиматорски нишани за да се направи попрецизен.
Нема никаква техничка разлика помеѓу АК-12 и АК-15 - само во разликата на куршумот што го истрелуваат. Втората пушка е засилена со помоќен куршум од 7,62×39 мм (како АК-103 и АК-47).