Најпрецизната на светот руска снајперска пушка Сумрак како Ферари – не е за секојдневно возење

СВЛК-14 „Сумрак“

СВЛК-14 „Сумрак“

Лобаев Армс
Руската индустрија за лесно оружје го претстави најиновативното достигнување во последниве години – СВЛК-14С Сумрак, првата снајперска пушка на светот која може да погоди цел на оддалеченост од 4 километри.

Во градот Тарус (два часа возење од Москва) се наоѓа мала зграда со натпис „Царь пушка“ (Цар-топ). На прв поглед зградата не привлекува внимание, обична е, неинтересна. Но, во неа се наоѓа фабриката која моментално ги произведува најмоќните снајперски пушки на светот. 

Ова е прва приватна фабрика за оружје во Русија. Влад Лобаев, сопственик на компанијата „Лобаев Армс“, не ја изучувал уметноста на изработка на оружје во својата татковина, ами во Соединетите Американски Држави, каде има потрошено неколку милиони американски долари за опрема за својата фабрика.

СВЛК-14 „Сумрак“

„Сето тоа е мошне едноставно“, вели Јуриј Синичкин, главен инженер во КБИС, холдингот што ја поседува компанијата „Лобаев Армс“. „Америка има неколку стотини приватни претпријатија кои произведуваат дозволено оружје. Затоа тоа е еден од најразвиените пазари за производство на оружје во светот. Затоа определени компоненти на пушките „Цар-пушка“, кои ги користат телохранителите на Путин, се изработени со помош на американски технологии, знаења и искуства“. 

Баш како луксузен автомобил 

Најмоќното оружје на оваа фабрика е снајперската пушка СВЛК-14С, наречена Сумрак. 

„Ова оружје се прави парче по парче, баш како Ферари или Порше, за луѓе кои го ценат прецизното оружје, како и за професионални снајперисти кои гаѓаат цели на голема оддалеченост“, вели Синичкин. 

Сумрак испукува куршум 408 CheyTac (10.36x77mm), чија почетна брзина не е помала од 900 метри во секунда. 

„Ваквиот куршум може да пробие шина со дебелина од три сантиметри. А, замислете што се случува кога ќе го погоди непријателот. Ниту еден панцир нема да му помогне“, забележува инженерот. 

Исто како луксузен автомобил не е за секојдневно возење, ова оружје не се прави за масовно користење во борбени задачи. Поради поголемиот дострел и прецизноста конструкторите решиле бројот на „механизми“ да го намалат на минимум, така што пушката нема рамка за муниција, и во неа може да се стави само еден куршум. 

Уште една особеност на Сумрак е неговата тешка, речиси метар и половина (1.430 милиметри) долга цевка изработена од висококвалитетен алуминиум кој одлично функционира без оглед на промената на температурата (од минус 40 до плус 60 степени според Целзиус). Ова сепак на Сумрак му дава голема сила и тежина (9.6 килограми). 

Иако со ова снајперска пушка нема да можете да трчате низ шумата, ќе бидете некој што е во состојба да погоди цел на оддалеченост од 4.200 метри. Нешто што руските снајперисти веќе го направија кон крајот на септември минатата година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња