На почетокот на декември Су-57 го реализираше првиот лет со моторот од втора фаза. Тој се нарекува и „производ 30“, а по завршените тестирања регуларно ќе се вградува во руските авиони-ловци. Главната разлика во однос на моторот од првата фаза ќе биде поголемиот потисок, што на Су-57 ќе му овозможи побрзо искачување и поинтензивни маневарски можности со помал губиток на брзината. Новиот агрегат е поекономичен, па оперативниот борбен радиус ќе биде поголем, меѓу другото и благодарение на можноста за преминување на надзвучна брзина без користење на форсаж.
Како главна предност на Су-57 над F-22 се наведува поголемиот потисок на моторот (36 тони во секунда наспроти 32 кај американскиот модел) и се истакнува суперманеварбилноста на рускиот ловец, скапоцена карактеристика во блиска воздушна битка за која Raptor воопшто не е предвиден.
Кога ќе се погледнат вкупните летачкотехнички карактеристики, пишува Sina, рускиот авион е секако најдобриот авион на светот, оставајќи го зад себе промовираниот на сите ѕвона американски Raptor.