Видео: Путин воодушевен од првиот лет на бомбардерот Ту-160М „Петар Дејнекин”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Првиот лет на новиот стратешки бомбардер Ту-160М „Петар Дејнекин” е забележан на видеоснимка. Снимката од почетокот на тестирањето на висина од 300 метри ја објави телевизијата „Ѕвезда“.

Показниот лет го набљудуваа претседателот на Русија Владимир Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин.

Модернизираниот Ту-160М ќе добие сопствен систем за противракетна одбрана. Суштински новиот систем за одбрана ќе може да детектира цели на растојание од неколку стотици километри. Кога радарите на „Белиот лебед“ ќе забележат лансирање на ракета, околу авионот се формира цел рој виртуелни цели, а системите за наведување на непријателските ракети не можат да ги разликуваат лажните од вистинските мети.

Новиот мотор му овозможува на бомбардерот да развива брзина од преку два маха и така да ги избегне противничките ПВО системи. Благодарение на тоа максималната висина што ја постигнува Ту-160М изнесува 18 километри. Бомбардерот може да биде вооружен со различни крстосувачки ракети од типот Х-55, Х-55СМ, Х-101, Х-102 и нуклеарните ракети со мал дострел Х-15.

Претходно министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу соопшти дека е планирано по 2021 година да започне сериското производство на модернизираниот стратешки бомбардер Ту-160М2.

„Воведувањето на модернизирани бомбардери кои носат далекуметни крстосувачки ракети „Радуга“ Х-101 и Х-102 со нуклеарни боеви глави ќе му дадат на Кремљ можностс за пофлексибилна примена на вооружувањето“, смета американскиот аналитичар на магазинот „Национален Интерес“ Дејв Маџумдар.

Прочитајте повеќе: Путин: Десет Ту-160М ќе ја зајакнат нуклеарната тријада на Русија