Американските експерти најдоа уште една предност на рускиот стратешки бомбардер Ту-95

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Рускиот стратешки бомбардер Ту-95 ќе може да ги пренасочи веќе фрлените бомби, пишува „Национален Интерес“.

Благодарение на радиоелектронскиот нишански систем СВП-24 кој е успешно тестиран на авионите Су-24 во Сирија, руска воена авијација сега е во состојба да ги насочи директно во целта веќе лансираните ракети. Се работи за систем кој од обични прави суперпрецизни бомби. СВП-24 ги зема предвид брзината на летот и висината на која се наоѓа бомбардерот, брзината и правецот на ветрот, многуте други фактори и го контролира движењето на бомбата директно кон целта.

Нешто слично Русите измислија и за стратешките бомбардери, пишува „Национален Интерес“. Така крстосувачките ракети Х-101, кои „по својата природа се суперпрецизни“ ќе можат да се пренасочуваат веќе во воздухот.

Ту-95 е главниот стратешки бомбардер на руската авијација. Авионот ги држи рекордите во далечина и должина на летот, може да понесе 15 тони бомби и ракети. Најновата верзија Ту-95МС16 е вооружена со ракетите Х-101.

Прочитајте повеќе за историјата на руската стратешка авијација.