Првата борбена употреба во историјата на најновата крстосувачка ракета Х-101 наводно се случи во Сирија: таков заклучок може да се извлече од видео-снимките што ги објави Министерството за одбрана на РФ, пишува „Взгљад”.
Претседателот на Академијата за геополитички проблеми Константин Сивков за РИА „Новости” ги потврди извештаите на бројни медиуми, според кои руските стратешки бомбардери Ту-95МС, кои се вклучени во операцијата на ВКС Русија во Сирија од 17 ноември, ги бомбардирале позициите на ИД со крстосувачки ракети Х-101.
„Најверојатно било токму така. Од една страна, тоа е чин на заплашување на ИД, од друга – тестирање на ново оружје. Едно е да се врши тестирање на една или две ракети, а друго е нивна борбена употреба”, рече Сивков.
Според него, ракетата Х-101 можела да биде лансирана и од територијата на Русија, затоа што нејзиниот дострел е над 5 илјади километри, двојно поголем од дострелот на ракетата „Калибар” со кои беше гаѓана ИД од Каспиското езеро. Меѓутоа, денес не постојат механизми за копнено лансирање на вакви ракети.
„Лансирањето на оваа ракета може да се врши на минимална висина од 3 илјади метри, а на максимална од 12 илјади метри, под услов авионот да се движи со брзина од 900 километри на час. За разлика од копнените и морски ракети, Х-101 нема стартен мотор, така што таа мора да биде исфрлена од воздух за да може да има почетна брзина“, изјави експертот.
Како што смета тој, во текот на операцијата на ВКС РФ во Сирија може да биде тестирано и уште едно напредно оружје. „Мислам дека е можно во Сирија првпат да биде употребена нова супермоќна вакуум бомба со тежина од околу 40 тони и со експлозивна моќ еквивалентна на околу 400 тони ТНТ. Исто така, можат да бидат употребни и наведувани авио-бомби од голем калибар, со тежина од 1,5 тони”, додаде Сивков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче