100 години руска Далечна авијација

Извор: ТАСС

Извор: ТАСС

Најпознатите и најопасните руски стратешки авиони.

Само САД и Русија во составот на своите вооружени сили имаат стратешка (далечна) авијација. Заедно со нуклеарните подморници кои носат ракети и интерконтинентални балистички ракети, авионите на далечната авијација влегуваат во составот на нуклеарната тријада на државата.


Иљја Муромец. Извор: ТАСС

Иљја Муромец (С-22) е заеднички назив за неколку серии 4-моторни дрвени авиони што се произведуваа во Рига, во Руско-балтичката фабрика од 1913 до 1918 година. Авионот постигна низа рекорди во категориите на носивост, број на патници, време и на максимална висина на летот. Овие авиони ги удрија темелите на денешната далечна авијација на Русија.


Ту-4. Извор: РИА Новости

Ту-4: советски стратешки бомбардер кој се наоѓаше во вооружувањето на далечната авијација на СССР од 1949 година до почетокот на шеесеттите години од минатиот век. Тој всушност претставува копија на американскиот бомбардер В-29. Неговата конструкција, опремата, па сè до ентериерот на кабината во најголема мера беа копирани од американскиот пример. Единствено не се копирани топот, моторот и радиостаницата.


Ту-16. Извор: Семјон Мајстерман / РИА Новости

Ту-16: советски тежок двомоторен реактивен повеќенаменски авион. Се произведуваше во различни модификации, вклучувајќи и варијанта на носач на ракети, авион што обезбедува гориво, авион за радарска борба итн. Сериски се произведуваше од 1953 до 1963 година, беше во составот на Вооружените сили на СССР, на Русија и на други држави од ЗНД во текот на 50 години.


Ту-95. Извор: Марина Лисчева / ТАСС

Ту-95: симбол на студената војна, разработен во конструкторското биро „А.К. Туполев“. Единствен стратешки бомбардер во светот кој има турбопропелерен мотор. За првпат има полетано во 1952 година и оттогаш го имаат возено многу генерации пилоти. За време на тие години авионот има претрпено околу 10 модификации, последната беше Ту-95МС.


Ту-22М3. Извор: Марина Лисчева / ТАСС

Ту-22М3: Суперсоничниот далечен бомбардер на кој може да му се менува геометријата на крилата го замени Ту-22. За првпат има полетано во 1969 година.


Ту-160. Извор: Алексеј Михеев / ТАСС

Ту-160: Стратешки суперсоничен бомбардер и носач на ракети е најголемиот авион со променлива геометрија на крилата во историјата на авијацијата, најмоќен и најтежок воен авион во светот. Доколку го споредите со останатите бомбардери има најголема полетна маса и борбена носивост. Пилотите го нарекуваат „бел лебед“. За првпат има полетано во 1981 година.

Оригиналот на ТАСС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња