Ловецот Су-57 почна со летови со оружје од нова генерација

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот ловец од петта генерација Су-57 почна со летови со оружје од нова генерација, соопшти генералниот директор на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување” Борис Обносов.

„Интензивно работиме. Целиот комплет – како на внатрешното, така и на надворешното високопрецизно оружје за овој авион го проектираат претпријатија од нашата корпорација. Почнавме летови, мислам дека наскоро ќе можеме да ги прикажеме резултатите“, изјави Обносов.

Тој додаде дека се изработени протоколи за комбинирање на речиси сите типови оружје.

Претходно беше соопштено дека ловецот од петта генерација Су-57 ќе биде примен во состав на вооружувањето на руската војска во 2018 година.

Прочитајте повеќе за авионот во нашата статија Су-57: Рускиот ловeц од 5 генерација со ново „срце“ и ново име