Бура на црноморскиот брег во руски Геленџик исфрли кутија со противвоздухопловни гранати на НАТО

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На подрачјето на црноморското летувалиште Геленџик во Краснодарскиот крај, на југот на Русија, е пронајдена кутија со гранати какви што има во вооружувањето на членките на НАТО, а која најверојатно ја исфрлила на брегот бура, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на пограничната управа на Федералната служба за безбедност на Краснодарскиот крај.

Сомнителниот предмет го пронајдоа жителите на туристичката населба Архипо-Осиповка кои се надлежни за тоа и информираа. Гранична патрола на местото откри четири противвоздухопловни гранате калибар 40 мм во регуларно пакување на шведскиот конценр „Бофорс“ (Bofors), соопшти службата за односи со јавноста.

Без оглед на значителните оштетувања на металната кутија, муницијата што се наоѓала внатре била во исправна состојба, објасни соговорник на „Интерфакс“.

Информациите за пронајдените гранати се проследени до органите за внатрешни работи.

Прочитајте: Началникот на британскиот Генералштаб ја призна супериорноста на руската војска