Началникот на британскиот Генералштаб ја призна супериорноста на руската војска

Комсомольская правда/Global Look Press
Вооружените сили на Велика Британија заостануваат зад руската војска, оцени началникот на британскиот Генералштаб Ник Картер, пренесува „Телеграф“, повикувајќи се на обраќањето на високиот воен претставник во Кралскиот институт за безбедност на Велика Британија.

Според мислењето на генералот, крстосувачките ракети кои се успешно применувани во Сирија (очигледно дека станува збор за „Калибрите“) претставуваат сериозна опасност. Како што истакна тој, Лондон нема начин да се заштити од нив.

Картер се жали и на помалите издвојувања за развој во воената сфера и нагласува дека Русија изминатите години успеала да демонстрира воен потенцијал на кој Велика Британија тешко може да одговори.

Повикувајќи се на извор весникот пишува дека британските високи воени претставници се вознемирени од супериорноста на Русија во доменот на артилеријата, радиоелектронската борба и компјутерските технологии.

Пентагон претходно во својата нова одбранбена стратегија го означи ривалството со Русија и Кина како главен приоритет и бараше дополнителни инвестиции за стратешко спротивставување на овие земји. Во американскиот воен ресор сметаат дека Москва и Пекинг претставуваат закана за безбедноста и просперитетот на САД.

Прочитајте повеќе: САД: Русија во својата армија модернизираше сѐ!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња