Ослободување на Гоа: Како СССР му удри дипломатска шлаканица на НАТО

AP
Во декември 1961 година Советскиот Сојуз го поддржа упадот на индиската војска во провинцијата Гоа, Даман и Диу, односно протерувањето на португалските колонизатори од Индија, што предизвика незадоволство кај многу западни земји.

Португалците беа први колонизатори на Индија и последни кои ја напуштија. Додека Британците се протерани од Индија во 1947 година, против португалската окупација на Гоа уште речиси 15 години не беше ништо направено. Решителната операција на индиската војска кончено во 1961 година му стави крај на владеењето на странците кое траеше 450 години. 

Како што еднаш рече индискиот политичар Реманохар Парикар, слободата на Гоа е одложувана поради привидната незаинтересираност на индиското раководство. Џавахарлал Нехру како типичен наследник на политиката на Ганди не преземал драстични мерки за да ја спречи тортурата над жителите на Гоа. 

Еднаш во 1946 година Португалците немилосрдно претепаа група индиски жени кои организираа мирен марш. Жените не само што беа малтретирани, ами и држени во затвор. Португалците се закануваа дека ќе се изживуваат и над нивните ќерки. 

Во 1955 година португалската војска уби 20 учесници на уште еден мирен марш. Нехру на тоа реагираше само со блокирање на енклавата. Но, Португалците лесно ја пребродеа блокадата, користејќи ги добрите односи со Пакистан и Шри Ланка. 

Минаа уште 6 години во текот на кои страстите само се вжештуваа. Нехру пред сè беше загрижен светот да не го промени мислењето во врска со ненасилниот приод на Индија во решавање на своите проблеми. Додека стратешките интереси на Индија, заштитата на животот на Индијците и честа на индиските жени за него не беа приоритет. Наследниците на политиката на Ганди едноставно немаа право да применат сила. 

Истовремено португалскиот диктатор Антонио Салазар бараше помош од САД, Велика Британија и од други земји кои во тоа наоѓаа и свои интереси. Салазар ги потсети Британците дека според договорот од 1899 година мораат да ѝ помогнат на португалската колонија доколку биде нападната. Џон Кенеди, кој само неколку месеци претходно се обиде да направи инвазија на Куба, го предупреди Нехру дека не смее да користи воена сила во решавање на проблемите на Гоа. 

Во ноември 1961 година, зајакнати од отсуството на реакција од Нехру, војската на Португалија отвори оган на цивилни бродови на Индија. На крајот на краиштата на 17 декември индиската војска влезе во провинциите Гоа, Даман и Диу и беше многу побројна и посилна од Португалците. 

Реакцијата на светот

Западните држави едногласно ја нападнаа Индија. Многу земји како Велика Британија, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Франција, Холандија, Шпанија и Западна Германија ја осудија воената интервенција на Индија. Пакистан исто така. Од друга страна, Индија доби поддршка од Советскиот Сојуз, Југославија, Кина, арапските земји, Гана, Шри Ланка и Индонезија. 

Британците беа први кои ги потегнаа дипломатските пиштоли. На 18 декември секретарот на Комонвелтот Данкан Сендис изјави дека Нејзиното височество многу жали поради одлуката на индиските власти да го решаваат прашањето со воени, наместо со дипломатски средства. Само пет години претходно Велика Британија и Франција извршија инвазија на Египет за да го зграбат Суецкиот канал.

САД, Велика Британија, Франција и Турција му предложија на СБ на ОН резолуција со која се осудува „индиската инвазија“ и бараа војската на Индија да се повлече на позициите на кои беше до 17 декември 1961 година. 

Москва ја поддржува Индија 

Ветото на Москва е пресудно. 

Леонид Брежњев кој се наоѓаше во официјална посета на Индија за време на кризата во провинцијата Гоа, на 18 декември во Мумбаи рече дека СССР целосно ја поддржуваат желбата на индискиот народ да ги ослободи Гоа, Дан и Дија од португалските колонизатори. 

Брежњев ги советуваше Индијците да го игнорираат западниот револт зашто „тоа е револт на луѓе кои се навикнати да ги задушуваат борбите за независност... тоа се луѓе кои се збогатиле како конолизатори-пљачкаши“. 

Валеријан Зорин, постојан претставник на Москва во ОН рече дека СССР ја поддржува Индија во нејзината борба против доминацијата на колонизаторот. Гоа е целосно под јуриздикција на Индија, и тоа не може да биде доведено во прашање во СБ на ОН, рече Зорин. Ако за нешто треба да се дискутира во ОН, тоа е португалското кршење на декларацијата за гарантирање на независноста на колониите. „Португалија не се придржува и не сака да се придржува на оваа декларација и на тој начин претставува закана за безбедноста и стабилноста на различни делови во светот“, рече советскиот дипломат. 

Тој исто така потсети дека ниту Велика Британија, ниту Америка не ја осудуваат Португалија која довела до избувнување војна во независна Ангола и не бараа прекин на огнот и повлекување на португалската војска. 

Што е особено интересно во врска со ослободувањето на Гоа е тоа дека земјите од НАТО не можеа да ѝ помогнат на Португалија во екот на Студената војна, кога мошне сериозно го доживуваа мотото „напад на еден од нас е напад врз сите нас“. Очигледно САД не беа подготвени да ризикуваат поради Португалија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња