„Државното тестирање на модернизираниот „Спрут“ треба да почне во првиот квартал од 2018, а ќе заврши во првиот квартал од 2019 година“, речено е за руската новинска агенција.
Овој самооден топ неофицијално се нарекува „истребувач на тенкови“. Конструиран е за потребите на воздушно-десантните сили во концернот „Тракторние заводи“, и според оценките на експертите, нема пандан во светот, пренесува rg.ru.
Во рамките на државното тестирање ќе биде проверено движењето и гаѓањето на копно и во вода. Новиот самооден топ истрелува 7 проектили во минута. Благодарение на моќниот мотор, развива брзина до 70 километри на час, а може да плови со брзина од 10 километри на час во бранови високи еден метар.
Ова самоодно артилериско орудие може да се десантира од авион со помош на падобран.
Главното оружје е топот 2А75М калибар 125 мм, кој има исклучителни балистички карактеристики и може да истрелува кумулативни и распрскувачки проектили, како и проектили кои пробиваат оклоп и наведувани ракети. Во перспектива ќе биде обезбедено далечинско активирање на експлозивно-распрскувачките проектили и нивна детонација во воздух.
Од Министерството за одбрана истакнуваат дека „Спрут-СДМ-1“ ќе ја замени претходната модификација 2С25 која воздушно-десантните сили ја користат повеќе од една деценија.
Прочитајте повеќе за новата генерација оклопни автомобили „Торос“