Тенк Т-72Б1 на Меѓународните армиски игри-2017. 6 август 2017, Тјумен, Русија.
Сергеј Бобилев/ТАССНалогот за започнување на државните испитувања на модернизираниот самооден противтенковски топ Спрут-СДМ-1 се очекуваат во најблиска иднина, рече директорот на концернот „Фабрики за трактори“ Алберт Баков на форумот „Армија-2017“.
„Колку што разбрав, програмата за испитување е веќе дефинирана“, изјави Баков, пренесува „Взгљад“.
Од овој концерн порачуваат дека модернизираниот Спрут, развиен за Воздушно-десантните сили, би можел да ги заинтересира поморската пешадија и копнените сили, како и дека во светот нема пандан според своите карактеристики.
Порталот потсетува претходно на интернет се појави видео снимка од оклопното возило К4386 „Тајфун“ на тркала, кое може со помош на специјални падобрани да се десантира од авион, а чија испорака за ВДВ треба да почне во 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче