Супермоделот Наталија Водјанова пушти во оптек своја крипто валута

Наталија Водјанова

Наталија Водјанова

Комсомолскаја Правда/Global Look Press
Сега можете да разменувате ваши пари за LoveCoins и дури и да земете учество во натпреварување.

Рускиот модел и хуманитарен активист Наталија Водјанова пушти во оптек сопствена крипто валута. Со помош на хуманитарната мобилна апликација „Елби“ (Elbi) на Водјанова, луѓето ќе можат да префрлаат пари на добротворни организации, претворајќи ги во внатрешната крипто валута – таканаречените LoveCoins.

Претставник на Водјанова вели дека сопствениците на LoveCoins ќе можат да ги користат за купување на познати брендови како „Живенши“, „Диор“, „Фенди“ или „Кристијан Лубутен“.

Згора на тоа, корисниците на апликацијата се поканети да земат учество во натпреварувањето за ексклузива од брендовите „Луи Витон“ и „Месика“. Колку повеќе LoveCoins имате, толку поголеми се шансите да победите, соопштува „Известија“.

Повеќе за Наталија Водјанова прочитајте во „руската Пепелашка“ што ги покори модните писти

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе