Жан-Пол Готје беше вчудовиден од „спојот на непорочноста и сексуалноста“ на Наталија Водјанова. Извор: АР.
„Како Наталија постигнува сè? На 31 година веќе имаше три деца, кариера и свој хуманитарен фонд.“ Многумина во недоумица си поставуваат вакви прашања. Оние што не знаат колку труд и колку работа има вложено таа, би можеле да помислат дека Наталија по коинциденција за само две години се искачи на модниот Олимп. На 16 години таа отишла во една модна агенција во Нижни Новгород со единствена цел да заработи пари. Манекенките често беа повикувани да учествуваат ви промотивни акции како што се дегустации и наградни игри во супермаркети. Тоа не носело многу пари, но интуицијата на Наталија ѝ велела дека клучот за успехот е токму во нејзината привлечна надворешност. „Забележав дека го привлекувам вниманието кај машкиот пол, што значи дека во мене има нешто особено.“
„
Jас и понатаму сум обична девојка од Нижни Новгород. Кога станав позната посакував само една работа: славата да не ми удри во глава. Мислам дека успеав во тоа и затоа сум исклучително среќна.
Наталија Водјанова
На почетокот гордоста не ѝ дозволувала на кастинг да стои во купот во кој се наоѓале стотици нејзини колешки. На еден од првите кастинзи се појавила во здолниште кое набрзина било сошиено од еден фустан на баба ѝ и стоела на страна, не сфаќајќи дека тогаш стапнала на својот пат кон ѕвездите. Веднаш била забележана и повикана во Москва за да се фотографира за руското издание на „Вог“.
Неколку месеци подоцна, на еден кастинг во Париз, за Наталија се заинтересирал Жан-Пол Готје. Познатиот моден креатор бил вчудовиден од спојот на нејзината непорочност и на нејзината сексуалност: „таа во исто време е и дете и жена!“. Потоа следуваа снимања за германското издание на модниот магазин „Ел“ и учество во неделата на високата мода во Њујорк. Токму тогаш „онаа Русинкана“, како што ја нарекуваа зад кулисите, ја забележаа и ја ангажираа претставниците на светските модни куќи „Ив Сен-Лоран“, „Гучи“ и „Калвин Клајн“. Наталија станува врвен модел на модната куќа „Калвин Клајн“.
Ревија на женска долна облека дизајнирана од Наталија Водјанова на Etam Lingerie Collection Show во Париз. Извор: AFP/East News (26 февруари 2013).
|
Потоа потпишува договори со козметичките и со модните куќи „Лореал Париз“ и „Шанел“, и се фотографира за календарот на „Пирели“, што е симбол за успех на секоја манекенка. Така Наталија стана најуспешен топ-модел.
Но, ако манекенката е без индивидуалност и без интересна животна приказна, таа не е многу ценета. Наталија Водјанова го имаше сето тоа. Најпрво се омажи за талентираниот сликар лордот Џастин Портман. Роди три деца, а по секое породување повторно се враќаше на работа во рекордно краток рок, по само неколку недели. Наталија се занимава и со добротворна работа. Го основаше фондот „Отворени срца“, кој ширум Русија гради специјални игралишта за деца со пречки во развојот. Најмладата сестра на Наталија боледува од детска парализа и од аутизам, така што тоа беше мотив за основање на еден ваков фонд.
„
Ако манекенката е без индивидуалност и без интересна животна приказна, таа не е многу ценета. Наталија Водјанова го имаше сето тоа.
Сепак, приватниот живот на Наталија не се одвиваше без проблеми. Кога се разведе од својот „принц“ им се посвети на децата и на хуманитарната работа, без да ја напушти професијата. А, потоа сказната се претвори во роман. Во животот на Наталија се појави бизнисменот Антоан Арно, син на сопственикот на модната куќа „Луј Витон“, голема љубов, и исчекување на раѓањето на четврто дете.
„Да, среќна сум, богата и славна!“, вели Водјанова. „Сепак, јас и понатаму сум обична девојка од Нижни Новгород. Кога станав позната посакував само една работа: славата да не ми удри во глава. Мислам дека успеав во тоа и затоа сум исклучително среќна.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче