Зимата доаѓа, но не грижете се: Биткоинот може да ве згрее

Во 2020 година овие млади бизнисмени планираат да греат над 2.000 домаќинства во Сибир преку отпадната топлина што ја емитуваат компјутерите при рударењето со криптовалутата.

Во 2020 година овие млади бизнисмени планираат да греат над 2.000 домаќинства во Сибир преку отпадната топлина што ја емитуваат компјутерите при рударењето со криптовалутата.

Ruptly
Биткоинот ја постигна највисоката цена во историјата и премина 7.000 американски долари. Сибирските инженери дојдоа до заклучок дека не станува збор само за одлична инвестиција, ами и дека криптовалутата може да го згрее и вашиот дом назима.

Вредноста на биткоинот вртоглаво расте, но дали знаете дека можете да ја „рудирате“ оваа круптовалута, иако не толку едноставно и не во толкави количества како пред 7-8 години? „Рударите“ користат специјален софтвер за одобрување на трансакцијата во блок-синџирот, односно врз основа на тоа можете да добиете определен број биткоини во замена за своите услуги. Сè што ви е потребно е исклучително моќен компјутер (таканаречен ASIC) и многу електрична енергија, со што рударењето станува скапа работа за поголемиот број луѓе во САД и во Европа. 

Во сибирскиот град Иркутск од друга страна, цената на електричната енергија е неверојатно ниска, па затоа градот стана неофицијална престолнина за рударење на биткоинот. Рударењето е моментално популарно хоби за мнозинството локални „гикови“, спојувајќи ги своите „криптофарми“ со мрежата за подно греење.

Компјутерите што се користат за рударење се ладат со вентилатори, па отпадната топлина се испушта во атмосферата. „Сметаме дека тоа не е рационално и еколошки“, вели Фролов за видеоагенцијата Ruptly, и додава „затоа имплементиравме концепт каде отпадната топлина создадена од процесорот се користи за греење на домовите“. 

Фролов вели дека цената на електричната енергија е критичен фактор во рударењето и дека Иркутск токму поради фактот што има исклучително евтина електрична енергија станал престолнина за рударење.

„Исплатливоста на самото рударење понекогаш е пониска од сметката за електрична енергија, па затоа треба рационално да се користи на овој начин“, додава тој. 

Пред да се фокусира на рударењето со биткоинот, Толмачов имал фирма која се занимавала со производство на типски куќи, а токму тогаш почнал да размислува за климатските промени, за глобалното затоплување и за екологијата, па решил да го промени својот животен стил.

„Екологијата е важна“, вели Толмачов. „Не би смееле да ја грееме атмосферата, би требало да ја грееме собата. Во Сибир сезоната на греење трае речиси девет месеци во годината“. 

Во 2020 година овие млади бизнисмени планираат да греат над 2.000 домаќинства во Сибир преку отпадната топлина што ја емитуваат компјутерите при рударењето со криптовалутата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња