Биткоинот и другите криптовалути јавноста повеќе не ги смета за „инструмент за нелегални трансакции“.
Getty ImagesВо декември, Рускиот економски универзитет „Плеханов (РЕУП)“, една од првите институции во земјата која воведе програми по криптовалути, спроведе анкета за да ја утврди подготвеноста на јавноста за усвојување на блокчеинот.
Студијата открија дека општото расположение спрема блокчеинот се менува: биткоинот и други криптовалути јавноста повеќе не ги смета за „инструмент за нелегални трансакции“.
Паметните договори - самоизвршни договори помеѓу купувачот и продавачот напишани во линии на код - одиграа значајна улога во оваа промена во перцепцијата на јавноста, смета Дијана Степанова, доцент на РЕУП.
Таа смета дека блокчеинот може да има корисно влијание врз широк спектар на индустрии, вклучувајќи го и здравството. Според Степанова, за неколку години блокчеин технологијата би можела да стане индустриски стандард.
Во 2017 година, РЕУП го воведе предметот „Трговија со криптовалути“, кој го предаваат коосновачите на Token Finance, инвестициски холдинг со седиште во Москва. Како дел од проектот, студентите се едуцираат за принципите на фундаментална и техничка анализа, методологија на трговијата и инвестициско портфолио.
Прочитајте како може да ве згрее биткоинот?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче