Според пишувањето на вебсајтот Aviationist, од снимката направена со специјална уреди можат да се видат некои податоци за висината и брзината на летот (околу 27 илјади стапки и 317 јазли).
Како што се наведува, белгиските авиони ги следеле руските Ту-160 додека таа мисија не ја презеле британски ловци.
Министерството за одбрана на Велика Британија објави видео од пресретнувањето на руските авиони над Северното море.
Министерството за одбрана на РФ потврди дека Eurofighter Typhoon на Военото воздухопловство на Велика Британија и F-16 на ВВ на Белгија следеле руски стратешки ракетоносци Ту-160 на некои делови од маршрутата. Бомбардерите летаа над неутралните води на Баренцовото, Норвешкото и Северното море во придружба на ловци Миг-31 и со дополна на гориво во воздух, соопшти МО на РФ.
Како што се истакнува, „сите летови на ВКС на Русија се вршат со строго почитување на меѓународните прописи за употреба на воздушниот простор без нарушување на границите на други земји“.
Прочитајте: Богатите странци подготвени да платат за приватен суперсоничен Ту-160