„Богаташи од различни земји не престануваат да ни пишуваат: направете ми личен суперсоничен авион врз база на носачите на ракети Ту-160 и Ту-22М3. Одвреме-навреме добиваме писма со такви барања, па дури и преку „Рособоронекспорт“, изјави Солозобов за медиумите.
Меѓутоа, тие барања не се исполнети. Како што изјави стручњакот, претворањето на Ту-160 во патнички авиони би чинело прескапо, а покрај тоа, технологиите што се користат се држат во тајност.
Сепак, компанијата размислува за создавање надзвучен авион за бизнис летови за 25 патници. Таквиот авион на течен водород би можел за два-три часа да превезе бизнисмени на неколку илјади километри.
„Можности има, но е потребен купувач“, рече Солозобов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче