Скриншот
YouTube„Конструкторското биро „Туполев“ навистина најави дека авионот ќе полета порано – кон крајот на јануари“, напиша Рогозин на социјалните мрежи, пренесува rg.ru.
Првиот ракетоносец од новата партија е направен во Казањската фабрика за авиони „Горбунов“ и во ноември е префрлен во станицата за тестирање на летањето. Првиот лет на овој бомбардер е планиран за февруари 2018. Авионот со фабрички број 804 е направен врз основа на советски проект, со тоа што се применети многу уникатни технологии, на пример, заварување на големите делови од титаниум.
„Тоа е борбена машина која може да ги извршува сите задачи како и стандардните модели Ту-160. Таа подоцна ќе биде модернизирана во Ту-160М2“, изјави за агенцијата ТАСС извор во военоиндустрислиот комплекс.
Во Казањ е обновено производството на Ту-160 во 2015 година, со тоа што се прави модернизирана варијанта на овој ракетоносец.
„Во суштина, тоа е нов авион во стариот труп“, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.
Ту-160М2 ќе биде вооружен со современа електроника и високопрецизни ракети и ќе биде речиси три пати поефикасен од претходниот модел.
Прочитајте што мислат експертите за новиот руски бомбардер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче