
Евгениј Бијатов / Reuters
Тенкови, снежна прашина, стрелба, експлозии, пречки... Во Русија почна „Тенковскиот биатлон 2018“. Атмосферата на натпреварувањето сѐ повеќе се загрева. Во тек се квалификациите по кои ќе се знае кои руски екипажи ќе ја претставуваат земјата во втората фаза на натпреварувањето против екипи од други земји.

Евгениј Бијатов / Reuters
Во модернизираните тенкови Т-73 (серија Т-72Б3) екипажите преминуваат преку ровови длабоки два метри, минуваат низ огнен ѕид и гаѓаат оклопна техника и хеликоптери на растојание од 2000 метри.
Евгениј Бијатов / Reuters
Овие тенкови имаат топови калибар 125 мм од кои истрелуваат противвоздушни и тенковски проектили. За промашување се одземаат бодови. Патеката долга 20 километри е доволна да се покаже кој е најдобар.
Евгениј Бијатов / Reuters
Еден дел од натпреварувањето се одвива и надвор од тенкот. Екипажите работат и тешки физички вежби, вклучувајќи склекови и трчање. Вистинско доживување за љубителите на адреналин.
Евгениј Бијатов / Reuters
Прочитајте повеќе: Русите поставија рекорд на „Тенковскиот биатлон“