Руски тенк Т-14 „Армата“ на полигонот Алабино во текот на воено-техничкиот саем „Армија-2016“ во близина на Москва, Русија.
APВториот ден од Меѓународните армиски игри-2017 беше одбележан со рекорд во брзина и прецизност на гаѓање на „Тенковскиот биатлон“, пренесува РИА „Новости“.
Рускиот екипаж го помина предвиденото растојание за 19 минути и 10 секунди, без да промаши ниту еднаш. Ова е најдобар показател на натпреварувањата меѓу тенкистите.
Војниците, исто така, се натпреваруваа во снајперско гаѓање, воено разузнавање и пилотирање. АрМИ се одржува во 5 земји - Русија, Азербејџан, Белорусија, Казахстан, и Кина. Игрите ќе траат до 12 август.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче