Над 100 илјади луѓе ги видоа „Форсаж“ и финалето на „Тенковскиот биатлон“

KHABAROVSK TERRITORY, RUSSIA. MARCH 1, 2016. Тенковска посада се натпреварува во индивидуална трка на регионално ниво на натпреварувањето за „Тенковски бијатлон-2016“ на полигонот Анастасиевски. 1 март 2016, Хабаровски крај, Русија.

KHABAROVSK TERRITORY, RUSSIA. MARCH 1, 2016. Тенковска посада се натпреварува во индивидуална трка на регионално ниво на натпреварувањето за „Тенковски бијатлон-2016“ на полигонот Анастасиевски. 1 март 2016, Хабаровски крај, Русија.

Јуриј Смитјук/ТАСС
Завршија авиофестивалот „Форсаж“ и „Тенковскиот биатлон“.

Повеќе од 100 илјади луѓе го посетија во саботата авиофестивалот „Форсаж“ (Брзи и бесни) во паркот „Патриот“ и финалето на „Тенковскиот биатлон“ во Алабино, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.

„Повеќе од 100 илјади луѓе го гледаа авионастанот во „Патриот“ по повод 105-годишнината на ВКС на Русија и финалниот круг на „Тенковскиот биатлон“, изјавија од Министерството за одбрана на Русија, пренесува ТАСС.

На 21 полигон на Армиските меѓународни игри за 28 натпревари известуваа повеќе од 3,1 илјади новинари, од кои повеќе од илјада беа претставници на медиумите на земји-учеснички во натпреварот, САД и Европа, а останатите беа од руски медиуми.

Севкупно во АрМИ-2017 учествуваа над 150 тимови од 28 земји од Европа, Азија, Африка и Латинска Америка. 22 странски држави испратија на игри 47 групи на набљудувачи.

Девет земји првпат учествуваа во АрМИ-2017: Бангладеш, Израел, Лаос, Мароко, Сирија, Тајланд, Узбекистан, Уганда и Јужна Африка. Вкупниот број на учесници надмина 4 илјади. Во натпреварите на АрМИ-2017 имаше повеќе од 770 единици на оружје и воена техника (од кои 190 парчиња странска техника), како и 39 авиони, 24 хеликоптери и 9 бродови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња