Русија воведува тенковски биатлон, нов вид паравоен спорт - трка на оклопни возила со прецизно стрелање. Првото вакво меѓународно натпреварување се одржува од 12-17 август оваа година во близина на Москва. Веќе од следната година во натпреварувањето се очекува да се вклучат и неколку армии на НАТО, вклучувајќи ги и САД.
Основната идеја е едноставна, базирана на класичниот биатлон: да се поминат 20км во најкус рок, а во меѓувреме прецизно да се стрела на метите од трите тенковски оружја - топ, тенковскиот митралез и против-авионскиот митралез. Сето тоа го оценува жири комисија која го следи натпреварувањето од безбедно растојание.
Министерот Шојгу се надева дека следната година во натпреварот ќе се вклучат и САД, откако на неодамнешниот состанок на министрите за надворешни и одбрана на Русија и САД, Државниот секретар за одбрана на САД Чак Хагел, начелно ја прифатил поканата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.