Руската војска им се освети на терористите за нападот на базата Хмејмим

Руска војска во базата Хмејмим

Руска војска во базата Хмејмим

Kremlin Pool/Global Look Press
Групата терористи која на 31 декември ја гранатираше авиобазата Хмејмим денес е ликвидирана од руски одреди за специјална намена, соопшти Министерството за одбрана на РФ.

„Во завршната фаза на операцијата руските специјални сили ја пронајдоа базата на диверзантите покрај западната граница на провинцијата Идлиб. Кога терористите стигнаа во објектот и се подготвуваа да се качат во минибус, целата група е ликвидирана со високопрецизен проектил „Краснопол“, се наведува во соопштението.

Во оваа операција учествуваше целата разгранета мрежа на руската разузнавачка служба во Сирија. Русите сили во провинцијата Идлиб го утврдија и местото каде терористите ги правеле и чувале ударните дронови. И тој склад е уништен со проектил „Краснопол“, велат од МО на РФ.

Во нападот на терористите врз руската авиобаза Хмејмим на 31 декември загинаа двајца руски војници.

Прочитајте зошто Русија војува во Сирија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња