„Уралвагонзавод“ за неколку години може да биде делумно продаден на приватен инвеститор“, соопшти на 8 јануари руската новинска агенција „Интерфакс“, предизвикувајќи вознемиреност кај јавноста поради фактот што странските компании на овој начин да ги дознаат тајните на најдобриот руски тенк Т-14 „Армата“.
Изворите на наведената агенција претпоставуваат дека производителот на тенкови веќе бара потенцијален инвеститор кој ќе сака да купи 49% од акциите. Некои дури и претпоставија дека дел од акциите може да биде продаден на концернот „Калашников“, но раководството на компанијата ги демантираше тие тврдења.
„Военоиндустриските активи нема да се продаваат на странски инвеститори. Меѓутоа, ако работите тргнат на лошо, компанијата веројатно ќе направи поделба на воено и цивилно производство и акциите на второто ќе се продадат како што направи компанијата „Сухој“. Тие цивилни активи би можеле да бидат продадени и на странски претпријатија, изјави за порталот Russia Beyond воениот аналитичар на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин.
Преглед на ситуацијата
За 2016 година веќе беше планирана само приватизација на руските производители на тенкови. Тогаш раководството на компанијата планираше да продаде 25% минус една акција на било која заинтересирана страна.
Тие планови, меѓутоа, беа откажани кога на крајот на годината Владимир Путин потпиша указ за предавање на 100% од акциите на корпорацијата „Ростех“ (една од најголемите компании, таа ги обединува стратешки важните претпријатија кои банкротираа или се соочуваат со банкрот). Главната цел на таквите консолидации со „Ростех“ е капитализација на бизнисот и добивање на нова ефикасна влада која е во состојба стратешки важните компании да ги подготви за иницијална јавна понуда на берзата.
Во март 2017 година „Уралвагонзавод“ доби нов генерален директор. Тоа е поранешниот заменик-раководител на Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација Александар Потапов. Подоцна, потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин ѝ објасни на јавноста дека главната руска индустриска компанија е префрлена во државната корпорација „Ростех“ за да ја подобри својата финансиска состојба и да се ослободи од акумулираните долгови (уште во средината на 2016 година беше објавено дека долгот на „Уралвагонзавод“ изнесува 3,5 милијарди долари, а раководството на компанијата не гори од желба да ја информира јавноста како стојат работите во овој момент).
Што се случува?
Според мислењето на изворот на порталот Russia Beyond во военоиндустрискиот сектор, преминот во корпорацијата „Ростех“ и промената на највисокото раководство, како и голем број на други промени, имаа влијание врз компанијата.
„Сè уште не го отплативме долгот, но работите тргнаа кон подобро дури и на цивилниот пазар. Сега приходите се повисоки и, според мое мислење, нарачката на тенкови Т-14 „Армата“ за потребите на Министерството за одбрана и на создавањето на T-15 „Терминатор-2“ ќе придонесе за решавање на финансиската состојба на компанијата до 2025 година“, рече за порталот Russia Beyond споменатиот извор во военоиндустрискиот сектор.
Според него, одамна се зборува за продажба на акции на „Уралвагонзавод“, но ништо нема да биде преземено без директива на раководството на корпорацијата „Ростех“.
„Сето тоа сè уште не е доволно за компанијата да се врати во нормален колосек. Прашањето е дали „Уралвагонзавод“ ќе може да ги модернизира погоните во своите фабрики за да го направи потребниот број тенкови Т-14 „Армата“ за војската. Ако се покаже дека фабриките не се во состојба да направат доволен број на тенкови, а подоцна и да произведат нов модел на тенк, прашањето за продажба на проценти на приватни инвеститори повторно ќе стане актуелно“, смета Литовкин.
Покрај Т-14 „Армата“, „Уралвагонзавод“ го произведува и тенкот Т-72.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче