За набавка на десет пушки калибар 7,62 милиметри и десет со калибар 8,6 милиметри се издвоени 11,5 милиони рубли (166 илјади евра). Уште 62 милиони рубли (околу 9 милиони евра) ќе бидат потрошени за набавка на 34 системи за нелетално нелиниско-параметриско акустичко дејство врз биолошки објекти „Шепот”.
Снајперската пушка „Точност” погаѓа цели на максимално растојание од 1500 метри. Деталите на новиот проект се објавени во ноември 2016 година. Таа наскоро би требало да пристигне и во единиците на Федералната служба за обезбедување (ФСО) и Федералната служба за безбедност (ФСБ).
„Шепот” го сочинуваат специјални штитови со емитер кој генерира вибрации со исклучително ниска фреквенција со цел запирање на непријателско дејствување.
Прочитајте повеќе: ФСБ ја доби новата снајперска пушка „Точност”
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче