САД: Русија во својата армија модернизираше сѐ!

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Претседателот на Комитетот на началниците на штабовите на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд се пожали дека не му е лесно кога размислува за руската армија.

„Не остана ниедна сфера од руските вооружени сили која последнава деценија не е на еден или друг начин модернизирана. Би рекол дека никој од нас не може да биде мирен во ситуацијата во која што се најдовме“, изјави Данфорд на брифинг во Брисел.

Однесувањето на Русија последниве неколку години не може да не предизвикува грижа, го цитира генералот официјалниот сајт на Пентагон.

„Русија ги модернизираше своите нуклеарни сили, ги зајакна морнарицата и космичката одбрана, таа се здоби со можности за водење сајбер и електронска војна“, вели Данфорд.

Прочитајте како Русија ќе одговори на модернизацијата на нуклеарните сили на САД во Европа