Видео: Роботот „Нерехта“ претвора панцир во партали

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави интересна снимка од примената на роботизираниот повеќенаменки систем „Нерехта“.

Роботот произведен во фабриката „Дегтјарјов“ во градот Коврово со рафален оган го „растури“ панцирот на видеоснимката, подготвена во рамките на проектот WarGonzo. Наведено е да дека се работи за панцир од петта класа, пренесува порталот rg.ru.

На „Нерехта“ е монтиран митралез „Корд“ калибар 12,7 милиметри, и тоа варијанта направена специјално за возила на далечинско управување. Споменатата оружје постигнува голема густина на огнот. На видеоснимката се прикажани и ефектни кадри од ноќно гаѓање во движење и со вклучени светла.

Интересно е што дури и лаик може за неколку минути да научи да управува со роботот, а лесно е и да се нишани – целта може да се обележи со помош на џојстик или со притискање на прстот на екранот.

„Нерехта“ не е единствениот борбен робот во руската армија. Прочитајте повеќе за „Кунгас“.