Во март во руската војска пристигнуваат гасенични „Терминатори”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Испораката за руската војска на првата партија борбени возила за поддршка на тенкови (БМПТ) „Терминатор” е планирана за март 2018 година, објави агенцијата „Интерфакс”, повикувајќи се на извор од корпорацијата „Уралвагонзавод”.

„Реализацијата на државната програма за набавка на вооружување е во тек. Испораките се планирани за март”, изјави соговорникот на агенцијата.

Договорот за испорака на партија од повеќе од десет БМПТ на Министерството за одбрана на Русија е склучен на форумот „Армија-2017”. Истовремено се завршени тестирањата на борбеното возило,  а неговата примена во Сирија, каде „Терминаторите” се бореа заедно со тенковите на владините сили на Сирија, ја потврдија нивната висока борбена ефикасност.

Верзијата на „Терминатор” за руската војска е изработена врз база на тенкот Т-90А. Место купола возилото има борбен модул со двоен топ калибар 30 милиметри, четири противтенковски наведувани ракети „Атака” со ласерски систем за наведување и два автоматски минофрлачи. Екипажот е составен од пет војници чија задача е неутрализација на заканите по тенковите: уништување на противтенковски орудија и ракетни системи, минофрлачи, но и уништување на оклопни цели заедно со хеликоптери.

Прочитајте колку нови „Терминатори“ планира да набави руската армија.