Видео: Американците ги споредија јуришните хеликоптери „Апачи“ и „Алигатор“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американските аналитичари дојдоа до заклучок дека рускиот хеликоптер е поотпорен и подобро вооружен, а американскиот има поголем радиус на движење.

Експертите на интернет порталот „Facts Box“  ги споредија борбените можности на американскиот хеликоптер „Апачи“ и  рускиот Ка-52 „Алигатор“, пренесува порталот rg.ru. Според нив, овие борбени машини се најмодерните јуришни хеликоптери на светот. Американските аналитичари оценија пет параметри на овие хеликоптери и ги снимија резултатите во вид на видео клип во траење од 8 минути. За еден месец, ова видео го виделе 300000 интернет корисници.

Експертите дојдоа до заклучок дека рускиот „Алигатор“ е подобар од „Апачи“ во отпорноста и вооружувањето. Стручњаците посочуваат дека Ка-52 е првиот хеликоптер на светот кој има систем за катапултирање, а во пилотската кабина се поставени челични плочи кои го штитат пилотот од проектили со калибар 20 мм. Американскиот хеликоптер за заштита на пилотите користи керамички плочи.

Од оружје „Алигаторот“ го има топот 2A42 калибар 30 мм, авионски бомби, наведувани противтенковски ракети „Штурм-ВУ“ и „Вихр“ кои го пробиваат секој оклоп заедно со активната заштита. Овој хеликоптер може да носи и ракети од класата „воздух-воздух“ со мал дострел „Игла-В“, како и ненаведувани ракети „воздух-земја“. Поседува и радар „Арбалет“.

АН-64А „Апачи“ има едноцевен топ M230 калибар 30 мм монтиран во долниот дел од трупот на хеликоптерот, под седиштето на нишанџијата. Исто така, поседува и противтенковски наведувани ракети „Хелфаер“ со полуактивна ласерска глава за самонаведување. Во случај на потреба, секој држач на надворешната суспензија наместо противтенковска ракета може да носи по еден лансер со 19 ненаведувани авионски ракети калибар 70 мм.

„Апачи“ е подобар од рускиот хеликоптер во смисла дека може да лета 150 километри подолго, но затоа „Алигатор“, благодарение на коаксијалниот систем на ротори може да лета „наназад“ 130 км/ч, а бочно 100 км/ч и да изведува акробатски фигури кои не можат да бидат изведени од други хеликоптери. Рускиот хеликоптер Ка-52 е интензивно применуван во Сирија за уништување на непријателска оклопна техника.

Погледнете зошто Ka-52 „Алигатор“ e еден од најдобрите јуришни хеликоптери на светот