Западот вознемирен поради појавувањето на руските „Алигатори” на Блискиот Исток

Ка-52

Ка-52

Андреј Лужик/RIA Novosti
Воената кампања во Сирија ѝ овозможи на руската армија во пракса да провери и тестира голем број свои видови на оружје. Американскиот портал „Национален Интерес“ (The National Interest) обрнува внимание на тоа дека во антитерористичката операција учествува хеликоптерот Ка-52 „Алигатор“, чија појава на видео-снимките „изненади некои европски новинари“.

Авторот на текстот детално опишува како ова летало пристигна во вооружувањето, а исто така нагласува неколку важни предности на рускиот хеликоптер. На пример, Ка-52 може да развие брзина до 300 километри на час, што е за 20% повеќе од хеликоптерот „Апачи“ (Apache).

„Алигаторите“ се појавија во Сирија зимата 2016 година, но на снимките беа забележани дури три месеци подоцна, кога со ненаведувани ракети извршија напад врз „Исламската држава“ во градот Ел Картајн. Подоцна ова летало одигра важна улога при протерувањето на ИД од Палмира.

Бидејќи Ка-52 е извидувачко-офанзивен хеликоптер, тој исто така се користи и за наведување на нападите на руските авиони. Меѓу другото, со помош на системот за ласерско нишанење, хеликоптерите од воздух ги наведуваа нападите на јуришните авиони Су-25. Што се однесува до „офанзивниот“ аспект на леталото, тој во повеќе наврати е користено против оклопната техника на терористите. Благодарение на ракетите „Вихр“ со ласерско наведување, хеликоптерите можат да вршат напади врз копнени цели на растојание до 10 километри.

Порталот, исто така, укажува на фактот дека дури и по повлекувањето на значителен дел на руската воздухопловна формација од Сирија, хеликоптерите Ка-52 и натаму влијаат на настаните на Блискиот Исток. Станува збор за тоа дека Египет неодамна купи такви хеликоптери. Верзијата „Алигатор“, проектирана за Египет, го доби називот „Нилски крокодил“. Таа има засилен труп, прилагоден на пустинската клима.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња