Одлично дигитализираната компјутерска графика ја прикажува работата на ударниот механизам на автоматот при притискањето на чкрапалото. Понатаму гледаме што се случува во куршумот во моментот на истрелот. Гасот од согорувањето на барутот го потиснува куршумот низ цевката, а еден дел се враќа и го потиснува назад затворачот. Овој ја исфрла празната чаура, го затегнува чкрапалото, зафаќа од магацинот нов куршум и го турка во цевката. Посебно се прикажан режимите на автоматска и поединечна стрелба.
Благодарение на едноставноста и сигурноста автоматот „Калашников“ стана најраспространетото стрелечко оружје на светот. Повеќе од 50 држави го користат во своите армии.
Прочитајте повеќе за Феноменот наречен Калашников