Како би можела да изгледа „Лада Нива“ со три врати

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во последно време сѐ повеќе се зборува за можниот наследник на легендарната „Нива“, кој може да изгледа како новиот кросовер во актуелниот „Икс“ стил на „Лада“: Да си замислиме дека дизајнот на новиот автомобил е подобрениот оригинален теренец 4х4...

„Нива“ се појави во 1977 година, помина низ неколку модернизации и под името „Лада 4×4“ се произведува и денес. Најголемата карактеристика на автомобилот се тркалезните фарови и трепкачите кои изгледаат како веѓи над фаровите. Овие елементи се зачувани и во презентираниот дизајн. Во првите години, „Нива“ имаше хромирана рамка на решетката на браникот и ретровизори на „ноџиња“, што се гледа и на предложениот дизајн на новиот автомобил.

Во основата на дизајнот е токму првата „Нива“ што се произведуваше до 1993 година поради нејзиниот оригинален заден дел. Вертикалните задни светла повеќе никого нема да зачудат, а поради ниско поставените хоризонтални фарови, теренот може да се разликува од многуте други. Во овој случај таквите фарови воопшто нема да ѝ пречат на ниската врата на гепекот, со што првата „Нива“ не можеше да се пофали.

Прочитајте како би можела да изгледа новата „Лада Нива Дастер“?