На снимката во акција можат да се видат противвоздушните системи со мал дострел „Тор-М2“ и противавионскиот ракетен систем 9К33М3 „Оса-АКМ“. Особено импресивно делуваат најновите ракетни системи „Верба“ кои се поставени на возилата, пишува „Росијскаја газета“.
Оваа година единиците за ПВО на Копнените сили изведоа 85 тактички вежби со боево гаѓање во кои учествуваа повеќе од 14 илјади војници и повеќе од 3,5 илјади примероци на вооружување и воена техника, се наведува во соопштението на рускиот воен ресор.
На вежбите се потрошени повеќе од 700 противавионски наведувани ракети и повеќе од 14 илјади гранати за артилериски системи.
А повеќе за историјата на руската противвоздушна обрана, прочитајте во 100 години руска ПВО