Ерменскиот парламент го ратификуваше договорот помеѓу Москва и Ереван за создавање на единствен систем за противвоздушна одбрана (ПВО). Така Ереван го озакони договорот за создавање на Обединет регионален систем за ПВО во Кавкаскиот регион, потпишан во декември минатата година од министрите за одбрана на двете земји Сергеј Шојгу и Сејран Огањан. Останува и Русија да го направи истото.
Документот е за период од пет години, но има можност да биде продолжен за истиот период, доколку ниту една од страните не сака тој да биде прекинат. Ако тоа се случи, според правилата во меѓународните односи, соодветната земја треба да поднесе известување во рок од половина година пред истекот на договорот.
Генерали и воени аналитичари не се сомневаат дека и во 2021 година договорот ќе биде продолжен автоматски, бидејќи тој е многу профитабилен за Ерменија.
„Во рамките на договорот, при спроведување на регионални задачи поврзани со ПВО, ќе можеме да ги користиме руските мултифункционални ловци од четвртата генерација, системите С-300, нивните противракетни можности, како и можностите на радарските станици во текот на воздушното разузнавање“, изјави во програма на ерменската национална телевизија министерот за одбрана Сејран Огањан.
На територијата на Ерменија е распоредена 102 руска воена база, во чиј состав, освен тенкисти, механизирана пешадија и артилерци, влегува и 988 ракетен полк, вооружен со ракетен комплекси С-300В и соодветни радарски станици за откривање на воздушни цели, нивно следење и ракетно насочување.
Во регионот се наоѓаат и три ескадрони ловци МиГ-29, кои по потреба извршуваат улогата на пресретувачи на странски летала и заедно со зенитите го чуваат небото над Ерменија.
Ереван, за возврат, има солидни средства за противвоздушна одбрана. Меѓу нив има ракетен комплекси, кои се уште од советско производство, како на пример C-125 „Нева“ со дострел на уништување на цели на растојание до 20 километри, како и ЗРК „Круг“ со дострел до 50 километри. Ерменија располага и со новите и модерни системи ЗРК С-300ПС со дострел до 150 километри и системи со близок дострел „Оса-АКМ“, „Шилка“, „Стрела-10“ и „Игла“.
По обединувањето на системот со рускиот, на располагање на Ерменија ќе ѝ бидат сите информации што ги добиваат воените служби од Јужниот воен округ на Русија и од руската ПРО / ПВО војска.
Во исто време прашањата поврзани со безбедноста на воздушниот простор над Нагорно Карабах, ќе останат дел од овластувањата на Министерството за одбрана на Ерменија. Руските системи за ПВО нема да одговараат за тоа прашање.
Ерменската граница е и сликовито кажано преден ров на целиот систем за ПРО / ПВО на Русија и на сите земји од Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ). Покрај обединетиот систем за ПВО на Кавказ (Ерменија-Русија), постои и обединет систем за ПВО на Западниот регион (Белорусија-Русија) и обединет систем за ПВО на Централно-азискиот регион (Казахстан, Таџикистан, Киргистан, Русија).
Генерал-полковник во пензија Норат Тер-Григорјанц, кој во минатото работел како заменик-началник на Главниот штаб на Копнените сили на СССР и е еден од креаторите на Вооружените сили на Ерменија, смета дека „создавањето на единствен систем за воздушна одбрана на ОДКБ е стратешки важна одлука. Помеѓу Русија, Ерменија, Белорусија и другите земји од Организацијата се создава единствена радарска област, чија цел е да го покрива небото над нас од закани од страна на земјите од НАТО и особено од Турција“.
„Русија и Ерменија немаат единствен воздушен простор - меѓу нас е Грузија. Обединување на системите за ПВО ќе ѝ овозможи на Москва да создаде дополнителен противвоздушна чадор надвор од границите на своите граници“, тврди генерал-полковник во пензија Александар Лузан, поранешен заменик-командант на ПВО војските на Копнените сили на Русија.
Според него 102 воена база на територијата на Ерменија во голема мера ја намалува способноста на Турција, како член на НАТО и како најсилна вооружена земја во овој регион.
„А, ние од сопствено искуство знаеме што може да направи Анкара, дури и без согласност на Брисел или покрај неговата желба. А, единствениот систем за ПВО на Русија и Ерменија ќе биде сериозно предупредување за неа“, забележува генерал-полковник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче