Извор: Виталиј Белоусов / РИА „Новости“
Почеток на патот
Првиот систем за ПВО во Русија е создаден по почетокот на Првата светска војна и го покривал Петргоград, кој тогаш бил престолнина на Русија. Тогаш не постоеле специјални средства за ПВО. За одбраната на Петроград се користеле 75-милиметарски морнарички топови, кои биле адаптирани за стрелање во небо. Според она што ни е познато, првиот успех на руските бранители на небото се случило дури една година потоа, кога со противавионската единица на капетанот В. Тарнавски за првпат во историјата на Русија бил соборен германски аероплан. За официјален датум на основање на ПВО одбраната се смета 13 декември 2015 година, кога началникот на Врховниот штаб генералот Алексеев ја потпишал наредбата за формирање четири издвоени лесни батерии „за гаѓање по воздушната флота“.
Во 1932 година започнато е создавањето единствен систем за ПВО во СССР. Пред почетокот на Големата татковинска војна ловечката ПВО авијација ги добила ловците И-15, а подоцна и побрзите ЈАК-3. Противавионските единици биле вооружени со противавионски митралези, потоа со 85, 76 и 37-милиметарски противавионски топови. Војската добила рефлектори, понови и посилни радиостаници, посигурна врска помеѓу проводниците, автомобили и останата техника.
Војната постави сè на свое место
Рано наутро на 22 јуни 1941 година, единиците на ПВО меѓу првите стапиле во борба. Советската јуришна авијација која тогаш влегувала во состав на Воено-воздушните сили, достојно ги пречекала Германците, но претрпела значителни загуби. Во борбата за небото над најголемите градови на земјата влегле и противавионските ракетни единици. За време на војната тие заедно со ловците на Военото воздухопловство успеала да уништат над 7.000 непријателски авиони.
Војната стана сериозна лекција за генералите кои станале свесни за потребата од воведување централизиран команден систем за ПВО и за неговата целосна ловечка авијација.
Студена војна
Советскиот систем за ПВО започнал да го обновува своето вооружување некаде во педесеттите години од минатиот век. Стратешко значење на системот за ПВО дало појавувањето на носачите на нуклеарното оружје со интерконтинентален дострел (авионите В-50 и В-36). Во годините по војната, САД и нивните сојузници во повеќе наврати ја пробивале границата на СССР, користејќи ја надмоќта на своите недостапни „недофатливи“ авиони. Така, во 1952 година, забележани се 32 пресекувања на граничниот простор, а притоа биле урнати само три, а погодени уште три вакви авиони. Ова било причина да се забрза темпото на обновувањето на вооружувањето. На почетокот од педесеттите години од минатиот век единиците ги добиле ловечките авиони МиГ-15, МиФ-17 и Јак-2. Кон средината на педесеттите години од минатиот век во вооружувањето е воведен и првиот надсоничен ловечки МиГ-19, а потоа и суперсоничниот пресретнувач за големи височини (су-11, Су-15, Јак-28П), наведувачки ракети од класата воздух и земските ЗРК С-75. На почетокот од шеесеттите години од минатиот век моќта на ПВО била повеќе од двојно засилена.
100 години руска Далечна авијација Најпознатите и најопасните руски стратешки авиони. |
Мошне важна етапа е онаа на преминот помеѓу шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век, кога во вооружувањето на авијацијата за ПВО почнале да стигнуваат ловците-пресретнувачи од третата генерација: МиГ-23 кои се во состојба да пресретнуваат нисколетачки цели, како и брзите високолетачки МиГ-25. Пресретнувачите во вооружувањето имале нови ракети (УР) од далечен и од среден дострел (Р-23, Р-40). Развојот на ПВО за време на седумдесеттите години од минатиот век бил условен од појавата на противничките стратешки крстосувачки ракети со мали размери. Одговорот на ова се состоел во развојот на авионите МиГ-31 и Су-27, вооружени со нишански комплекси кои се во состојба да го забележат противникот на голема оддалеченост и истовремено да следат неколку воздушни цели, како и посовршените ракетни системи за ПВО како што е С-200.
ПВО денес
Последниве години се забележува тенденција на обединување на командите на видовите војски кои се одговорни за одбраната на воздушниот простор. Во декември 2011 година на темелите на Космичките единици и на единиците за оперативно-стратегиска команда на воздушно-космичката одбрана беше создаден нов род војска – Единици за воздушно-космичка одбрана (ВКО). Планирано е во текот на 2015 година врз база на Военото воздухопловство (Воено-воздушните сили – ВВС) и ВКО да се формира нов вид Вооружени сили на РФ – Воздушно-космички сили. Се гледа истата тенденција како и за време на Втората светска војна, а тоа е обединување на силите под единствена команда, поради постигнување поефикасно управување. Противавионските ракетни единици се опремени со ПВО ракетни системи С-400 „Триумф“ и ПВО ракетно-топовски системи „Панцир-С“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче